НАЧЕЛА НА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА КУЛТУРНА ПОЛИТИКА (1945 – 1952)

Автори

  • Драгица Поповска Institute of National History Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , , Институт за национална историја Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје , , ,

Клучни зборови:

културна политика, социјалистички реализам, советизација, десоветизација, југословенско општество

Апстракт

По Втората светска војна и формирањето на новата југословенска држава, Комунистичката партија на Југославија започнала со воспоставување на новиот политички систем. Во процесот на трансформација на југословенското општество клучен бил ресурсот – култура. Трудот се фокусира на начелата врз кои била градена културната политика во Нова Југославија, чија специфичност во голема мера била условена од затекнатата политичка и образовна состојба на теренот. Врз основа на достапната архивска граѓа, материјалот ги анализира основните идеи во конкретното поле, во периодите пред и по судирот со Информбирото. Колку се значајни општествените фактори во формулирањето на целите и задачите за реализација на културната политика, покажуваат разликите меѓу двата истражувани периоди. Имено, во првите години забележлива е силна советизација во сферата на културата, каде следењето на советските модели во политиката е особено изразено. Веќе во педесеттите години, започнува процес на десоветизација, односно повлекување од советскиот модел на културни практики, напуштање на идејната матрица на социјалистичкиот реализам и воведување на самоуправен социјализам, што ќе придонесе кон извесна демократизација во полето на културната продукција.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Преземања

Објавено

2021-11-29

Издание

Секција

Историја и филологија

Како да се цитира

НАЧЕЛА НА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА КУЛТУРНА ПОЛИТИКА (1945 – 1952). (2021). Филолошки студии, 19(2), 25-38. http://194.149.137.236/index.php/philologicalstudies/article/view/1592