ЧЕШКИТЕ ФРАЗЕМИ СО КОМПОНЕНТА NOHA / НОГА ВО ПРЕВОДИТЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Кључне речи:
соматска фразеологија, македонски јазик, чешки јазик, когнитивистикаАпстракт
Називите на деловите на човечкото тело, секојдневно (врз основа на метафорско или метонимиско пренесување) се употребуваат за означување на мноштво предмети/нешта, телото служи за броење (прстите) и помагало за определување на квантитет и за мерка (мерки за далечина како стапка, палец, лакот, чекор, грст, голтка, залак). Предмет на интерес во овој труд се фраземите со клучна соматска компонента NOHA / НОГА во делата на чешки јазик, преведени на македонски. Фраземите ги анализираме врз основа на принципот на телесноста, а шемите според концептуалните метафори на Лејкоф и Џонсон. Секоја шема е анализирана од аспект на особеностите и карактеристиките што можеме да ги најдеме во фраземите и од аспект на реалноста што тие ја интерпретираат и ja вреднуваат. Во материјалот што е ексцерпиран во делата на чешки јазик преведени на македонски јазик сретнавме 13 фраземи со клучна компонента NOHA / НОГА.
##plugins.themes.default.displayStats.downloads##
##submission.downloads##
Објављено
Број часописа
Рубрика
Лиценца
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License