ЗАЕМНО ПРЕВЕДУВАЊЕ НА СЛОВЕНЕЧКАТА И МАКЕДОНСКАТА ПОЕЗИЈА ЗА ДЕЦА

Autor(i)

  • Namita Subiotto, Biserka Bobnar Faculty of Arts, University of Ljubljana , , , , Filozofska fakulteta Univerze v Ljubljani ,

Sažetak

Во трудот е прикажано заемното преведување на словенечката и македонската поезија за деца од крајот на Втората светска војна до денес. Во првиот дел се претставени податоци за книжевните преводи на словенечката поезија за деца на македонски јазик и на македонската поезија за деца на словенечки јазик и тоа во две етапи: првата ги претставува преводите во периодот од 1945 до 1990 година, кога Словенија и Македонија беа дел од заедничката држава Југославија, втората, пак, преводите, настанати по осамостојувањето, односно во периодот од 1991 до 2020. Прикажан е и уделот на заемните преводи на словенечката и македонската поезија за деца во споредба со преводите на прозата и драмската книжевност за деца. Во другиот дел со помош на функционален пристап се анализирани ретки книжевни преводи на словенечката поезија за деца на македонски јазик и обратно, објавени по 2000-тата година. Анализата има за цел да покаже дали преводот се совпаѓа со илустрациите, дали е зачувана формата и звучната слика на песнатa и каков е преносот на зборовниот фонд. Во заклучокот се посочени можности за поактивно заемнo меѓукултурно посредување во оваа област.

Preuzimanja

Podaci o preuzimanjima još nisu dostupni.

Preuzimanja

Objavljeno

2021-11-26

Broj časopisa

Rubrika

Književnost u interkulturnom kontekstu