НЕШТО ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНОНИМНИОТ ТЕСТ СПРОВЕДЕН КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ОД VI ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИПСКО

Автори

  • Marija Grkova Ph.D. candidate at Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Macedonia , , докторант на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија , , ,

Клучни зборови:

морфологија, менливи зборови, шесто одделение, тестирање, вежби

Апстракт

Морфолошките особености на менливите зборови се застапени во наставните програми преземени од Бирото за развој на образованието по предметот македонски јазик. Целна група на истражувањето ќе бидат учениците од VI одделение во Штипско. Со оглед на тоа што менливите зборови за првпат се усвојуваат во шесто одделение, според наставните програми по предметот македонски јазик, тестирањето ќе биде спроведено кај овие ученици, сметајќи дека темата им е усвоена. За таа цел, ќе подготвиме наменски составен тест по македонски јазик што ќе содржи вежби во кои ќе бидат застапени морфолошките особености на менливите зборови, усвоени дотогаш. Вежбите ќе бидат целосно или делумно преземени од актуелните учебници по предметот македонски јазик во наставата, но и од други извори од научната и од стручната литература за македонскиот јазик. Пред спроведувањето на тестот, преку анонимна анкета, ќе го утврдиме бројот на ученици со кои ќе располагаме за време на тестирањето. Целта на овој труд е, преку анализата на добиените резултати од учениците од VI одделение, во Штипско, да се види колку тие ги имаат усвоено морфолошките особености на менливите зборови и во која мера се појавуваат евентуалните јазични грешки кај нив.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Преземања

Објавено

2019-10-20

Издание

Секција

Проучување на говорот. Лингводидактика

Како да се цитира

НЕШТО ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНОНИМНИОТ ТЕСТ СПРОВЕДЕН КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ОД VI ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИПСКО. (2019). Филолошки студии, 14(1), 237-245. http://194.149.137.236/index.php/philologicalstudies/article/view/350

Најчитани трудови од истиот автор(и)