ПРАЗНИКОТ КСАНТИКА КАЈ АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

Автори

  • Katerina Mladenovska-Ristovska Insitute of National History “Ss. Cyril and Methodius” University Skopje Macedonia , , Институт за национална историја Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија , , ,

Клучни зборови:

Ксантика, обред на лустрација, македонска војска, кучешка жртва

Апстракт

Ксантика бил празник на војската на античките Македонци, кој се прославувал уште од најстаро време. Се одржувал на пролет, во шестиот месец од календарот на античките Македонци Ксандик (Xandikos), или денешен март, според нашиот современ календар. Имал функција на свечен обред на лустрација. Во својата суштина, тој претставувал своевидно ритуално магиско прочистување на војската предводена од кралот, во особено свечена атмосфера, при што таа поминувала помеѓу две половини од жртвувано куче. Во парадата, за време на пурификацијата (прочистувањето), кралот бил придружуван од семејството, хетајрите и македонската војска. По ова, следела една необична миметичка игра на борба помеѓу две завојувани страни. Текстот претставува обид за реконструкција на овој древен македонски обред за кој податоците во историските извори се малобројни и фрагментарни, од една страна, но од друга страна, инспиративни за анализа и за претпоставки за суштината и значењето на овој празник и на обичаите врзани за него. 

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Преземања

Објавено

2019-10-21

Издание

Секција

Филозофско-културолошки проблеми

Како да се цитира

ПРАЗНИКОТ КСАНТИКА КАЈ АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ. (2019). Филолошки студии, 14(2), 1-11. http://194.149.137.236/index.php/philologicalstudies/article/view/355

Најчитани трудови од истиот автор(и)