СЕМАНТИКА И ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРЕФИКСИТЕ ВО ЛИМИТАТИВНАТА ВИДСКА КОНФИГУРАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Ключевые слова:
глаголски вид, лимитативност, видска конфигурација, префикс, македонски јазик, глаголАннотация
Лимитативноста е сложен глаголски вид кој содржи две видски вредности: доминантен моментен вид и подреден континуативен вид. Овие две видски вредности во македонскиот јазик можат да се појават како составни елементи на сложениот лимитативен вид уште во коренот на зборот, при што доминантниот моментен вид е изразен во афиксот или во синтаксичкото окружение. Во овој труд ќе ги разгледаме семантиката и дистрибуцијата на моментните префикси кои учествуваат во структурата: моментен префикс + корен со континуативна доминанта (прост континуативен вид или сложен глаголски вид со континуативна доминанта: теличен, хабитуален и мултипликативен). Префикси кои учествуваат во овие образувања во македонскиот јазик се: дo-, зa-, из-, од-, пo-, прe-, при-, прo- и раз-. Овие префикси ја означуваат десната граница на времетраењето на настанот изразен во коренската морфема и можат да бидат семантички определени во зависност од типот на лимитација што го воведуваат. Најкарактеристичен за лимитативната видска конфигурација, односно префикс со најширок опсег на дистрибуција, е префиксот пo-, додека префиксот раз- е со најограничена дистрибуција.
Скачивания
Загрузки
Опубликован
Выпуск
Раздел
Лицензия
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License