БОЖЕСТВЕНАТА МАЈКА И КВАЛИТЕТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ПОВИСОК СТАТУС: МУДРОСТ, СИЛА, ХАРМОНИЈА, ПЕРФЕКЦИЈА
Ключевые слова:
феминизам, повисок статус, хармонија, божественост, Божествена Мајка, безусловна љубов, етика на грижа, екофеминизамАннотация
Патријархатот создаде вредносен систем кој постојано генерира меѓучовечки односи и општествени системи засновани на дискриминација. Во суштината на проблемот е дисхармонијата меѓу женскиот и машкиот принцип. Поимите „маж“ и „жена“ не се граделе врз искуството на подлабок увид во божествената креација во која двата принципи се во хармонија, во испреплетување и фузија на повисоко рамниште, туку врз основа на конструкција на предрасуди и проекции. Феминизмот не треба да се сфати само како борба за ослободување на жената туку и за ослободување на мажот за влез во повисок статус. Моралните квалитети како грижата, заедништвото, соработката, довербата, солидарноста, растежот, подигањето, негувањето, заштитата, закрилата, го ткаат новото ткиво на текстурата во односите кои добиваат сè поголемо значење. Прифаќањето на етиката на грижа и мајчинската етика е начинот како да се трансформира општеството, а и природата да се „ослободи“ од беспоштедната експлоатација, за да се преобрази планетата Земја во убаво место за живеење за овие и за следните генерации.
Скачивания
Загрузки
Опубликован
Выпуск
Раздел
Лицензия
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License