ПРАЗНИКОТ КСАНТИКА КАЈ АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ
Кључне речи:
Ксантика, обред на лустрација, македонска војска, кучешка жртваАпстракт
Ксантика бил празник на војската на античките Македонци, кој се прославувал уште од најстаро време. Се одржувал на пролет, во шестиот месец од календарот на античките Македонци Ксандик (Xandikos), или денешен март, според нашиот современ календар. Имал функција на свечен обред на лустрација. Во својата суштина, тој претставувал своевидно ритуално магиско прочистување на војската предводена од кралот, во особено свечена атмосфера, при што таа поминувала помеѓу две половини од жртвувано куче. Во парадата, за време на пурификацијата (прочистувањето), кралот бил придружуван од семејството, хетајрите и македонската војска. По ова, следела една необична миметичка игра на борба помеѓу две завојувани страни. Текстот претставува обид за реконструкција на овој древен македонски обред за кој податоците во историските извори се малобројни и фрагментарни, од една страна, но од друга страна, инспиративни за анализа и за претпоставки за суштината и значењето на овој празник и на обичаите врзани за него.
##plugins.themes.default.displayStats.downloads##
##submission.downloads##
Објављено
Број часописа
Рубрика
Лиценца
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License