(НЕ)СЕКОЈДНЕВНОТО И (НЕ)ОБИЧНОТО ВО НЕКОЛКУ РАСКАЗИ НА ДАНИЕЛ ОДИЈА

Автори

  • Кристина Димовска , , , , ,

Апстракт

Во трудот се анализираат и се коментираат неколку раскази (со главен акцент на „Лица“, „Триптих“ и „Вистинска приказна“) од збирката раскази Стакларница (2005) на полскиот автор Даниел Одија (прев. од полски на македонски јазик на Филип Димевски; Готен, 2018 г.).

Предмет на интерес е (не)секојдневното и (не)обичното и како тие се трансформираат во несекојдневна и стилизирана, уметничка пригода и појава. Се истражува главната хипотеза според која преку хумористичниот стил, успешно доловен од преведувачот, се преобразуваат ликови, настани и сцени од секојдневниот живот и тие прераснуваат во уметнички перформанс.

За докажување на хипотезава се користат дескриптивниот и интроспективниот метод. Целта на трудот е да покаже како преку хумористичниот стил, Одија, преку своите наратори (Мјетек, Роберт и др.), го претставува тегобното и тешкото како весело и комично, тривијализирајќи ги големите теми, како што е смртта, за да ги направи уметнички подостапни и поедноставни за разбирање.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Преземања

Објавено

2024-09-29

Издание

Секција

Филозофско-културолошки проблеми

Како да се цитира

(НЕ)СЕКОЈДНЕВНОТО И (НЕ)ОБИЧНОТО ВО НЕКОЛКУ РАСКАЗИ НА ДАНИЕЛ ОДИЈА. (2024). Филолошки студии, 22(1), 1-13. http://194.149.137.236/index.php/philologicalstudies/article/view/2697

Најчитани трудови од истиот автор(и)