БОЖЕСТВЕНАТА МАЈКА И КВАЛИТЕТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ПОВИСОК СТАТУС: МУДРОСТ, СИЛА, ХАРМОНИЈА, ПЕРФЕКЦИЈА

Автори

  • Tatjana Miljovska Institute of Macedonian Literature “Ss. Cyril and Methodius” University Skopje Macedonia , , Докторанд на Институт за македонска литература, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Македонија , , ,

Клучни зборови:

феминизам, повисок статус, хармонија, божественост, Божествена Мајка, безусловна љубов, етика на грижа, екофеминизам

Апстракт

Патријархатот создаде вредносен систем кој постојано генерира меѓучовечки односи и општествени системи засновани на дискриминација. Во суштината на проблемот е дисхармонијата меѓу женскиот и машкиот принцип. Поимите „маж“ и „жена“ не се граделе врз искуството на подлабок увид во божествената креација во која двата принципи се во хармонија, во испреплетување и фузија на повисоко рамниште, туку врз основа на конструкција на предрасуди и проекции. Феминизмот не треба да се сфати само како борба за ослободување на жената туку и за ослободување на мажот за влез во повисок статус. Моралните квалитети како грижата, заедништвото, соработката, довербата, солидарноста, растежот, подигањето, негувањето, заштитата, закрилата, го ткаат новото ткиво на текстурата во односите кои добиваат сè поголемо значење. Прифаќањето на етиката на грижа и мајчинската етика е начинот како да се трансформира општеството, а и природата да се „ослободи“ од беспоштедната експлоатација, за да се преобрази планетата Земја во убаво место за живеење за овие и за следните генерации.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Преземања

Објавено

2019-10-18

Издание

Секција

Филозофско-културолошки проблеми

Како да се цитира

БОЖЕСТВЕНАТА МАЈКА И КВАЛИТЕТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ПОВИСОК СТАТУС: МУДРОСТ, СИЛА, ХАРМОНИЈА, ПЕРФЕКЦИЈА. (2019). Филолошки студии, 16(1), 21-42. http://194.149.137.236/index.php/philologicalstudies/article/view/312