ВКРСТЕНА ИГРА НА МЕМОРИЈАТА И ПИСАТЕЛСКАТА ФАНТАЗИЈА
Ключевые слова:
меморија, сеќавање, Моравска мисијаАннотация
Според теоријата на интертекстуалноста, меморијата е облик на проектирање на културата во книжевноста. Културата не е ништо друго туку другото лице на историјата. Историјата претставува минато, а меморијата е вечна сегашност или современо минато. Меморијата се храни со живите и активни сеќавања кои нè поттикнуваат на акција. Секое сеќавање ни помага да ја согледаме современоста која добива смисла т.е. вистинско место меѓу минатото и иднината. Повод за овој текст е сеќавањето на Моравската мисија т.е. јубилејот 1150 години од таа мисија и во името на незаборавот што таа мисија ни/ми го донесе како дел од големото словенско племе. А вистинска потврда за една вкрстена игра на меморијата и писателската фантазија е романот „Азбука за непослушните“ (1994) на Венко Андоновски. Во него Андоновски, преку приказната ситуирана во далечната 863 година, во манастирот Полихронос на Олимп, Мала Азија, води една затскриена филозофска дебата во која прашањата му ги посочува директно на читателот и притоа го испитува, го прашува колку знае за себе, за сопствената историја, за Библијата, митологијата, фолклорот.
Скачивания
Загрузки
Опубликован
Выпуск
Раздел
Лицензия
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License