Славистички студии
http://194.149.137.236/index.php/slavs

Славистички студии е меѓународно славистичко списание од областа на хуманистичките науки кое што го издава Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Катедра за славистика, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје, РС Македонија
mk-MK
Славистички студии
0352-3055

Copyright © 2024 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Slavistički studii
Славистички студии

Вештачката интелигенција и два преводи од македонски на полски јазик
http://194.149.137.236/index.php/slavs/article/view/2634

Во оваа статија го анализираме преводот од македонски на полски јазик на една песна, „Петта молитва на моето тело“ од Ацо Шопов, од страна на Вештачката Интелигенција.

Милица Анчевски
Андреја Басотова
Теа Јанакиева
Фросина Милковска
Димитар Неделковски
Ангелина Петреска
Авторски права (c) 2024 Славистички студии
2024-07-16
2024-07-16
23 2
13
20

Интертекстуалните дијалози во романот Пушкиновиот дом на Андреј Битов
http://194.149.137.236/index.php/slavs/article/view/2635

Поаѓајќи од постојните теориско-типолошки модели на интертекстуалноста, кои се дел од т.н. рестриктивна интертекстуална парадигма, елаборирани од страна на Ренате Лахман, Жерар Женет, Дубравка Ораиќ-Толиќ, Марк Кари, оваа студија има за цел да ги толкува интертекстуалните слоеви во романот Пушкиновиот дом на рускиот писател Андреј Битов. Интерпретативниот фокус е поставен врз три рамништа: врз интертекстуалниот предмет во романот (конкретните прототекстови и книжевната традиција како глобален прототекст); врз интертекстуалните релации и постапки во романот; врз мнемоничките функции и импликации на интертекстуалните дијалози во романот.

Марија Ѓорѓиева-Димова
Авторски права (c) 2024 Славистички студии
2024-07-16
2024-07-16
23 2
21
41

Митолошко-поетски проникнувања: ликот на Прометеј во македонската и во германската поезија
http://194.149.137.236/index.php/slavs/article/view/2636

Трудот претставува компаративно проучување на песните на македонскиот поет Ацо Шопов и на германскиот поет Јохан Волфганг фон Гете, при што предмет на анализа воедно се и интертекстуалните врски помеѓу македонската и германската поезија втемелени врз тематизација на митолошкиот образец за јунакот Прометеј. Во ова истражувањево фокусот на споредбената анализа се песната „Прометеј“ од поетот Јохан Волфганг фон Гете и песната „Љубовта на огнот“ од Ацо Шопов. Јукстапозицијата на споменатите песни низ призмата на интертекстуалната митолошка рамка отвора можност за ново видување во расветлувањето на поетската обработка на ликот Прометеј. Митот за Прометеј во поетските дела расветлен низ призмата на поновата фрејминг-теорија претставува „рамковна одредница“ за различните дискурси со дистинктивна функцијаç

Маријана Ѓорѓиева
Зорица Николовска
Авторски права (c) 2024 Славистички студии
2024-07-16
2024-07-16
23 2
43
55

Kobieta w protestantyzmie – wizerunek baronowej Elżbiety Kalisz
http://194.149.137.236/index.php/slavs/article/view/2637

Artykuł stanowi wycinek badań nad obrazem kobiety-protestantki na Śląsku Cieszyńskim na przełomie XVIII i XIX wieku. Analizie poddano kazanie wspomnieniowe po śmierci baronowej Elżbiety Kalisz. Tekst pochodzi z 1772 r. i zachował się w rękopisie w Muzeum Protestantyzmu w Cieszynie

Jana Raclavská
Авторски права (c) 2024 Славистички студии
2024-07-16
2024-07-16
23 2
57
67

Наративната имагинација низ призмата на расказот во творештвото на Олга Токарчук
http://194.149.137.236/index.php/slavs/article/view/2638

Студијата има за цел да го интерпретира наративниот пристап на авторката Олга Токарчук. Предмет на истражување е расказот „Гардеробер“. Со нагласување на сложеноста на кусата наративна форма или расказот, трудот настојува да навлезе во пошироката филозофија на нарацијата на авторката која се засновува врз специфична естетика на меланхолијата, потоа врз етика на постмодерниот и постантропоцентичниот пристап кон светот во кој вредностите, според авторката, се засновани на комуникација на човекот со универзумот на природата, предметите, другите луѓе.

Славица Србиновска
Авторски права (c) 2024 Славистички студии
2024-07-16
2024-07-16
23 2
69
88

Наративните постапки на Алена Морнштајнова како предизвик за преведувачот
http://194.149.137.236/index.php/slavs/article/view/2639

Во овој труд ги анализираме тешкотиите и дилемите при преводот на два романи од познатата чешка писателка Алена Морнштајнова: Хана и Празна мапа. Познато е дека преведувачот што врши превод на прозни дела на македонски јазик од јазик што не поседува граматички маркери на евиденцијалноста мора да биде претпазлив со изборот на конкретното минато време во преводот. Но, во преводот на наведените два романи се соочивме со сложен спектар од влијанија врз изборот на минатото време: изборот на времето не зависеше само од познавањето на контекстот и хронологијата на настаните во дејството на романот, туку и од наративните постапки на Алена Морнштајнова, пред сè поради умешниот премин од јас-наратор во сезнаен наратор, и обратно.

Игор Станојоски
Авторски права (c) 2024 Славистички студии
2024-07-16
2024-07-16
23 2
89
99

Реактуализацијата на словенското културно наследство како признак на развојот на македонската литература
http://194.149.137.236/index.php/slavs/article/view/2640

Текстот се занимава со истражувањето на средновековното книжевно и културно наследство како суштествен елемент кој го одредува развојот на македонската литература кон современите облици. Во центарот на вниманието се поставени книжевните пројави од македонскиот 19 век, кои жанровски, но и стилски се надоврзуваат на одредени словенски творечки објави (пред сѐ, жанрот беседа/слово и подновувањето на неговите стилски обележја со својства кои се во релација со словенското книжевно наследство). Тука ќе се земе предвид и односот со културолошки блискиот манир на творење (главно, преку словенскиот превод на дамаскините) и изразните и творечки појави, карактеристични за македонската литература во 19 век, преиспитувајќи ја тезата за нивната непосредна врска. Истовремено, се истражуваат и промените на облиците низ годините, особено во словата на Прличев, со што реафирмирањето на средновековното наследство доживува функционално надградување кое не се сведува само на бележење на имињата и на делата од словенските првоучители.

Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Авторски права (c) 2024 Славистички студии
2024-07-16
2024-07-16
23 2
101
114

Лингвистички проучувања
http://194.149.137.236/index.php/slavs/article/view/2641
Васил Дрвошанов
Авторски права (c) 2024 Славистички студии
2024-07-16
2024-07-16
23 2
117
120

Библиографија и преглед на електронски ресурси за македонскиот јазик
http://194.149.137.236/index.php/slavs/article/view/2642
Руска Ивановска-Наскова
Авторски права (c) 2024 Славистички студии
2024-07-16
2024-07-16
23 2
121
131

Преводот како продолжение на животот
http://194.149.137.236/index.php/slavs/article/view/2643
Лидија Танушевска
Авторски права (c) 2024 Славистички студии
2024-07-16
2024-07-16
23 2
133
137

Споредбено толкување на романите од Георги Господинов
http://194.149.137.236/index.php/slavs/article/view/2644
Елизабета Шелева
Авторски права (c) 2024 Славистички студии
2024-07-16
2024-07-16
23 2
141
153