Германските еквиваленти на минато-идното време во десет македонски прозни дела

Автори

  • Бисера Станкова Blaže Koneski Faculty of Philology, Ss. Cyril and Methodius University - Skopje , Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј“

ДОИ:

https://doi.org/10.37834/SS23231127s

Клучни зборови:

минато-идно време, македонски, германски, контрастивна анализа, проза

Апстракт

Интересот за ова контрастивно проучување на германските еквиваленти на минато-идното време, како специфично глаголско време за македонскиот јазик, произлезе од работата со студентите при анализата на германските еквиваленти на македонските глаголски времиња. Како извор на прашања и дилеми се јавија значенските аспекти на ова глаголско време, кои имаат различни еквиваленти во германскиот јазик. Корпусот од 10 македонски прозни дела и нивните преводи на германски јазик беше применет како основа за индуктивната метода на истражување. Во трудот се поаѓа од значенската класификација на Блаже Конески и се даваат дополнителни предлози за комбинации од значенски компоненти, а заклучоците се темелат врз анализираните примери, кои потоа се обопштуваат за стилското, за временското и за просторното подрачје на корпусот.

Преземања

Објавено

2024-07-16

Издание

Секција

Лингвистика

Како да се цитира

“Германските еквиваленти на минато-идното време во десет македонски прозни дела”. 2024. Славистички студии 23 (1): 127-39. https://doi.org/10.37834/SS23231127s.