Социјални услуги за старите лица
ДОИ:
https://doi.org/10.37509/socpol19150049dКлучни зборови:
стари лица, социјални услуги, даватели на услугиАпстракт
Демографските промени кои се случуваат, пораст на бројот на стари лица, продолжување на животниот век, поставуваат посебни барања во областа на социјалната заштита. Задоволувањето на потребите на старите лица бара додатни финансиски средства за социјална и материјална сигурност на старите лица, заштита на здравјето, комуникација и општествено ангажирање. Во анализата на услуги на старите лица присутен е еден широк дијапазон во нивното групирање каде поделбите одат во поделба на групи на услуги: услуги за информирање и упатување, услуги за стручна помош и поддршка, услуги за советување, услуги во домот, услуги во заедницата и услуги за вонсемејна заштита. Социјалните услуги кои се наменети за старите лица се замислени да ја одржуваат автономијата и независното живеење на старите лица и тие да немаат зависност од системот кој им ги пружа социјалните услуги.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.