Креирање политики за подобрување на пристапот до здравствените услуги на населението: Расчекор меѓу желбите и практичната примена

Authors

  • Владимир Лазаревиќ , Универзитет „Св Кирил и Методиј“ Медицински факултет Институт за социјална медицина, Скопје

Abstract

Република Македонија од осамостојувањето во 1991 година негува социјален
здравствен систем кој е заснован врз начелата на сеопфатност, солидарност
и еднаквост. Здравствениот систем предоминантно се финансира преку
социјални придонеси од вработените граѓани, додека помал процент на
учество доаѓа преку централниот буџет. Примарна цел на ваквата организација
на здравствениот систем е да обезбеди целосна покриеност на населението
со здравствено осигурување преку рамномерна дистрибуција на товарот
во финансирањето низ различните слоеви население. Конечна цел е да се
заштитат граѓаните од дополнителни финансиски трошоци во моментот кога
ќе имаат потреба од здравствени услуги.

Downloads

Download data is not yet available.

References

Downloads

Published

10.07.2020

How to Cite

Лазаревиќ, В. . (2020). Креирање политики за подобрување на пристапот до здравствените услуги на населението: Расчекор меѓу желбите и практичната примена. Ревија за социјална политика Journal of Social Policy, 3(5), 423-438. http://194.149.137.236/index.php/socpol/article/view/2137