„САМО ШТО ИЗЛЕГОВМЕ ОД ОПИНЦИ, ЕТНОЛОЗИТЕ САКААТ ПОВТОРНО ДА НЕ ВРАТАТ ВО НИВ“. СТАТУСОТ НА ЕТНОЛОГИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА СОЦИЈАЛИЗМОТ (1946-1953)
ДОИ:
https://doi.org/10.37620/EAZ202028rКлучни зборови:
етнологија, фолклористика, Македонија, социјализам, Бранислав РусиќАпстракт
Во текстот се прави обид за расветлување на круцијални настани поврзани со отворањето и укинувањето на академските студии по етнографија и етнологија на Филозофскиот факултет во Скопје во периодот на раниот социјализам од 1946 до 1953 г. Во анализите се користени и архивски материјали од фондовите на Филозофскиот факултет и Министерството за образование на СРМ. Истакнати се општествено-политичките услови во кои студиите се создадени и за кратко време укинати. Се укажува на општите и локаните политички и идеолошки рамки на дејствување во социјалистичката заедница. Прашањата поврзани со подемот и падот на националната етнологија во Социјалистичка Република Македонија се поврзани со идеолошките рамки за справување на социјализмот со селанството, ројализмот, назадноста, традиционализмот наспроти работништвото, комунизмот, напредокот и модерноста.
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2020 Љупчо С. Ристески (Author)

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder