СПОМЕНИЦИТЕ ВО ПОСТСОЦИЈАЛИСТИЧКИОТ ПЕРИОД: ПО ПРИМЕРИТЕ НА ГРАДОТ ХЕРОЈ НА МАКЕДОНИЈА

Автори

  • Даворин Трпески Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје image/svg+xml Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ0960096t

Клучни зборови:

споменици, идеологија, социјалистички период, општествено уредување, постсоцијалистички период, транзиција, град-херој

Апстракт

Спомениците во себе кријат приказна или порака, односно носат одредена симболика која потсетува на некое славно историско време, на некој важен настан на којшто треба луѓето да се сеќаваат. Накратко, во себе кријат одредена идеологија која ги толкува симболите и нуди кодови за нивно одгатнување и воспоставува врска со веќе креираните митови. Во авторитарните или во тоталитарните општествени системи, спомениците го претставуваат центарот на јавниот и на политичкиот живот. Во трудов ќе бидат презентирани дел од спомениците со кои се одликувал градот Прилеп во периодот на социјализмот, но и новопоставените споменици по неговиот пад и во периодот на воспоставувањето на новото општествено уредување во Република Македонија.

Референци

Преземања

Објавено

2026-03-26

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

СПОМЕНИЦИТЕ ВО ПОСТСОЦИЈАЛИСТИЧКИОТ ПЕРИОД: ПО ПРИМЕРИТЕ НА ГРАДОТ ХЕРОЈ НА МАКЕДОНИЈА. (2026). ЕтноАнтропоЗум, 6(6). https://doi.org/10.37620/EAZ0960096t

Слични трудови

1-10 од 40

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)