СПОМЕНИЦИТЕ ВО ПОСТСОЦИЈАЛИСТИЧКИОТ ПЕРИОД: ПО ПРИМЕРИТЕ НА ГРАДОТ ХЕРОЈ НА МАКЕДОНИЈА
DOI:
https://doi.org/10.37620/EAZ0960096tKeywords:
споменици, идеологија, социјалистички период, општествено уредување, постсоцијалистички период, транзиција, град-херојAbstract
Спомениците во себе кријат приказна или порака, односно носат одредена симболика која потсетува на некое славно историско време, на некој важен настан на којшто треба луѓето да се сеќаваат. Накратко, во себе кријат одредена идеологија која ги толкува симболите и нуди кодови за нивно одгатнување и воспоставува врска со веќе креираните митови. Во авторитарните или во тоталитарните општествени системи, спомениците го претставуваат центарот на јавниот и на политичкиот живот. Во трудов ќе бидат презентирани дел од спомениците со кои се одликувал градот Прилеп во периодот на социјализмот, но и новопоставените споменици по неговиот пад и во периодот на воспоставувањето на новото општествено уредување во Република Македонија.
References
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2026 ЕтноАнтропоЗум/EthnoAnthropoZoom

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder