СЕЛАТА ВО ГОРНА РЕКА КАКО ОПШТЕСТВЕНОЕКОНОМСКИ ЗАЕДНИЦИ

Authors

  • Мирјана Мирчевска Author

DOI:

https://doi.org/10.37620/EAZ0330136m

Keywords:

Горна Река, Горнореканци, Западна Македонија, село, селски собор, селски одбро, кмет, питроп, мировен совет, колективна сопственост, самопомош

Abstract

Етничкиот предел Горна Река се наоѓа на крајниот северозападен
дел на Р. Македонија, опфаќајќи го горниот дел од сливното подрачје на р. Радика до Бошков мост на југ. Според основните карактеристики на теренот, целиот етнографски простор е изразито планинско подрачје. Фигуративно кажано, пределот Горна Река по однос на природниот амбиент изгледа како "етнички тромб", изолиран од соседните предели со природни препреки: планини и реки. Населението, кое е формирано низ специфични етноисториски
процеси, денес го сочинуваат Македонци - христијани и Албанци -
муслимани. Основните стопански дејности се сточарството и печалбарството, дејности кои од своја страна влијаеле врз развојот на целокупната етничка култура. Живеејќи во ваква природно изолирана географска средина, без поголем урбан центар во непосредна близина, Горнореканците немале голема можност за комуникација со соседните предели. Сето ова придонесло Горнореканците да развијат сопствени материјални, социјални и духовни елементи на културата. Како дел од општественото живеење се јавуваат и формите на организираноста на селото како заедница, со што на одреден
начин се регулирале и правилата на однесување на членовите на селото како општествена заедница, преку назначување на селски службеници од различен вид. Најголем дел од нив се карактеристични за сите Јужни Словени, но и за останатите балкански народи.

References

Published

2026-02-15

Issue

Section

Статии/Articles

How to Cite

СЕЛАТА ВО ГОРНА РЕКА КАКО ОПШТЕСТВЕНОЕКОНОМСКИ ЗАЕДНИЦИ. (2026). EthnoAnthropoZoom, 3. https://doi.org/10.37620/EAZ0330136m

Similar Articles

11-20 of 51

You may also start an advanced similarity search for this article.

Most read articles by the same author(s)