ЕТНИЧКИОТ КОД НА ВЛАСИТЕ НА БАЛКАНОТ
DOI:
https://doi.org/10.37620/EAZ0960220nKeywords:
Власи, Ароманци, Цинцари, Фашериоти, мегленски Власи, етничко потекло, јазик, сточарство, кираџиство, трговија, занаетчиство, религиски идентитет, распространетостAbstract
Етничкиот код претставува основа за етничка идентификација на секоја заедница по кој таа се издвојува од другите народи. Власите се една од заедниците за кои е пишувано од разни аспекти и секогаш со тенденција да се поврзат со идентитетот на некој друг народ, без да се води сметка за можноста околу нивниот посебен етнички идентитет. Така, на пример, тие се поврзуваат со: Романците, Римјаните, Грците, Тракијците, Илирите и др. Меѓутоа, ако се земе предвид фактот дека сите заедници настанале во разни историски периоди и под разни историски услови, тогаш најсоодветната дефиниција за етничкиот идентитет на Власите би гласела вака: Власите се заедница со свој посебен етнички код – име, јазик, антрополошки црти, народна носија, типични форми на занимање, посебен менталитет и сл. Во таа смисла ќе се обидеме да разработиме некои од посебностите на Власите по кои тие се идентификуваат како посебна заедница во етничкото милје на Балканот.
References
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2026 ЕтноАнтропоЗум/EthnoAnthropoZoom

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder