ЕСЕЈ ЗА СОВРЕМЕНИТЕ ПАТРИОТИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2016 ГОДИНА!
DOI:
https://doi.org/10.37620/EAZ16150178agKeywords:
протести, народ, одбрана, предавници, професионални патриотиAbstract
Оваа белешка за патриотите во Македонија во 2016 година се однесува на политичката (зло)употреба на овој термин во актуелните случувања обележани преку протестите од 12.4.2016. Две групи македонски граѓани протестираат низ улиците на Македонија – едната „против режимот“ на власта, а другата за „одбрана на Македонија“ и нејзината актуелна власт. Овие групи меѓу другото се спротивста вени и во однос на тоа што подразбираат под терминот патриотизам, и тука се чини дека се работи за комплетно различни концепти за односот на поединецот кон сопствената држава и односот на „народот“ кон државата (и обратно). Особено е интересна втората концепција за патриотизмот, редовно експлоатирана од „Граѓанското движење за одбрана на Македонија – ГДОМ“, чија реторика многу личи на онаа што се користела во 19 век во фазите на создавање на нациите, особено во Југоисточна Европа. Во таа смисла, интересно е како овој деветнаесеттовековен концепт е сè уште толку актуелен во Македонија во 21 век!
References
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2016 Ана Ашталковска Гаjтаноска (Author)

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder