ЕТНОЛОГИЈАТА И АНТРОПОЛОГИЈАТА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: МИНАТО, СЕГАШНОСТ, ИДНИНА
DOI:
https://doi.org/10.37620/EAZ171600208dKeywords:
етнологија и антропологија, Босна и Херцеговина, историја на дисциплината, етнолошки и антрополошки истражувања, перспектива во развојотAbstract
Трудот претставува краток осврт на ситуацијата во која се наоѓа етнологијата и антропологијата во Босна и Херцеговина, од
своето конституирање до современиот период, во текот на различните социоекономски системи и културни рамки, како и на насоките по кои таа можеби ќе се развива понатаму. Поголемиот дел од досегашните истражувања во оваа област доаѓаат од перото на автори од „развиените“ земји, како и од домашните автори што се школувале и усовршувале на тамошните универзитети. Нивниот фокус главно се темели на теми поврзани со воените конфликти и повоената општествена реалност. Меѓутоа, Одделението за етнологија на Народниот музеј во Сараево, пред
почетокот на војната во 1992 година, своето внимание го насочувало кон традициската култура на одделните „етнографски микрорегиони“. Токму поради поврзаноста со музејските, но не и со академските институции, етнологијата во Босна и Херцеговина не ја доживеала антрополошката трансформација што ги зафатила Србија, Хрватска и Словенија во текот на седумдесеттите години на минатиот век. Неколкуте обиди таа да се втемели на универзитетите не вродиле со плод. Како оваа дисциплина понатаму ќе се развива е големо прашање. Сепак, нејзиното понатамошно вообличување има потенцијал за согледување на минатите и сегашните културни и општествени процеси во Босна и Херцеговина. На тој начин се добива увид во тоа дека сложеноста на ова подрачје може во иднина да биде поттик за некои идни истражувања и движења.
References
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2019 Богдан Дражета (Author)

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder