ЖЕНИТЕ И КУЛТУРНОТО ГЕТО: БАЛКАНСКИ ПЕРСПЕКТИВИ
ДОИ:
https://doi.org/10.37620/EAZ0550040gКлучни зборови:
ќени, бегалци, ултикултуралиам, Војводина, Србија, ХрватскаАпстракт
Во овој научен труд се разгледува статусот на жените-бегалки што емигрирале од Хрватска во Војводина. Ќе зборуваме за тоа како овие жени влијаеле врз зачувувањето на културниот модел и дали се дистанцирале од својот народ во Војводина. И покрај тоа што и домашното население и новодојдените се дел од српското мнозинство, меѓу нив постојат значајни културни разлики. На пример, жените од емигрантските семејства во просек се со пониско ниво на образование и се понаклонети кон задржување на кохезијата меѓу групите. Овие жени го пренесуваат традиционалното однесување / начин на размислување, но истовремено пренесуваат и новосоздадени легенди за хармоничниот и среќен живот во нивната татковина. Процесите на глобализација или на мултикултурна комуникација не влијаат врз нивните животни сфаќања, ниту пак влијаат врз односите во нивното семејство; ова се должи на сегрегацијата на новодојдените која донекаде сами си ја наметнале, а со која тие успеваат својот културен модел да го зачуваат и да го реплицираат во новата средина.
Референци
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2026 ЕтноАнтропоЗум

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder