„САМО ШТО ИЗЛЕГОВМЕ ОД ОПИНЦИ, ЕТНОЛОЗИТЕ САКААТ ПОВТОРНО ДА НЕ ВРАТАТ ВО НИВ“. СТАТУСОТ НА ЕТНОЛОГИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА СОЦИЈАЛИЗМОТ (1946-1953)

Автори

  • Љупчо С. Ристески Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје image/svg+xml Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ202028r

Клучни зборови:

етнологија, фолклористика, Македонија, социјализам, Бранислав Русиќ

Апстракт

Во текстот се прави обид за расветлување на круцијални настани поврзани со отворањето и укинувањето на академските студии по етнографија и етнологија на Филозофскиот факултет во Скопје во периодот на раниот социјализам од 1946 до 1953 г. Во анализите се користени и архивски материјали од фондовите на Филозофскиот факултет и Министерството за образование на СРМ. Истакнати се општествено-политичките услови во кои студиите се создадени и за кратко време укинати. Се укажува на општите и локаните политички и идеолошки рамки на дејствување во социјалистичката заедница. Прашањата поврзани со подемот и падот на националната етнологија во Социјалистичка Република Македонија се поврзани со идеолошките рамки за справување на социјализмот со селанството, ројализмот, назадноста, традиционализмот наспроти работништвото, комунизмот, напредокот и модерноста.

Референци

Преземања

Објавено

2020-12-18

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

„САМО ШТО ИЗЛЕГОВМЕ ОД ОПИНЦИ, ЕТНОЛОЗИТЕ САКААТ ПОВТОРНО ДА НЕ ВРАТАТ ВО НИВ“. СТАТУСОТ НА ЕТНОЛОГИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА СОЦИЈАЛИЗМОТ (1946-1953). (2020). ЕтноАнтропоЗум, 20(20). https://doi.org/10.37620/EAZ202028r

Слични трудови

1-10 од 110

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)