ЕТНИЧКИОТ КОД НА ВЛАСИТЕ НА БАЛКАНОТ

Автори

  • Љупчо Неделков Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје image/svg+xml Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ0960220n

Клучни зборови:

Власи, Ароманци, Цинцари, Фашериоти, мегленски Власи, етничко потекло, јазик, сточарство, кираџиство, трговија, занаетчиство, религиски идентитет, распространетост

Апстракт

Етничкиот код претставува основа за етничка идентификација на секоја заедница по кој таа се издвојува од другите народи. Власите се една од заедниците за кои е пишувано од разни аспекти и секогаш со тенденција да се поврзат со идентитетот на некој друг народ, без да се води сметка за можноста околу нивниот посебен етнички идентитет. Така, на пример, тие се поврзуваат со: Романците, Римјаните, Грците, Тракијците, Илирите и др. Меѓутоа, ако се земе предвид фактот дека сите заедници настанале во разни историски периоди и под разни историски услови, тогаш најсоодветната дефиниција за етничкиот идентитет на Власите би гласела вака: Власите се заедница со свој посебен етнички код – име, јазик, антрополошки црти, народна носија, типични форми на занимање, посебен менталитет и сл. Во таа смисла ќе се обидеме да разработиме некои од посебностите на Власите по кои тие се идентификуваат како посебна заедница во етничкото милје на Балканот.

Референци

Објавено

2026-03-26

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

ЕТНИЧКИОТ КОД НА ВЛАСИТЕ НА БАЛКАНОТ. (2026). ЕтноАнтропоЗум, 6(6). https://doi.org/10.37620/EAZ0960220n

Слични трудови

1-10 од 47

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)