БУГАРСКИ ПАСОШИ – МОЖНОСТ ЗА ПОГОЛЕМА МОБИЛНОСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ И/ИЛИ СТРАТЕГИИ ЗА МАНИПУЛИРАЊЕ СО ИДЕНТИТЕТОТ

Автори

  • Љупчо Ристески Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје image/svg+xml Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ14100080r

Клучни зборови:

бугарски пасоши, Македонци, идентитет, Западен Балкан, ЕУ, виза

Апстракт

Во Република Македонија од осамостојувањето во 1991 г. општествено- политичката ситуација е доста динамична и турбулентна, а економската ситуација загрижувачка. Огромен е бројот на невработени луѓе, кои веќе тешко можат да работат како печалбари во европските и прекуокеанските земји токму поради проблемите со визите. Така, со процесот на пристапување на Бугарија кон ЕУ, очекувано започна да се зголемува интересот на македонските граѓани за добивање бугарско државјанство, а со тоа за стекнување и со лични документи и, како најважно, пасош на Република Бугарија. Кога размислуваме за стратегиите, за концептот на државјанството, кој всушност практички го овозможува стекнувањето на поединците со документи за лична идентификација и патни исправи, логички е да се тргне од идејата на Маршал дека државјанството како концепт се состои од три главни елементи или димензии. Првиот е дека државјанството претставува легален статус на поединецот, вториот елемент му ги обезбедува политичките, а третиот социјалните права и обврски. Така, кога државјанството се набљудува како стратегија од аспект на поединецот, најблиску до реалноста е ако тоа се поврзува со остварување на легалниот статус, кој во случајот на македонските граѓани им обезбедува патни исправи што им го отвораат патот кон земјите во светот. Од друга страна, пак, историските и дневнополитичките случувања на оспорување на македонскиот национален и етнички идентитет, на јазикот и сл., доведуваат до размислувања во македонската јавност дека и оваа стратегија е уште една од многуте досега применувани на Бугарија кон Македонците за разнишување на идентитетот.

Референци

Преземања

Објавено

2014-11-09

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

БУГАРСКИ ПАСОШИ – МОЖНОСТ ЗА ПОГОЛЕМА МОБИЛНОСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ И/ИЛИ СТРАТЕГИИ ЗА МАНИПУЛИРАЊЕ СО ИДЕНТИТЕТОТ. (2014). ЕтноАнтропоЗум, 10(10). https://doi.org/10.37620/EAZ14100080r

Слични трудови

1-10 од 63

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)