ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ КАКО СРЕДСТВО ЗА ПОВРАТНА МИГРАЦИЈА: МЛАДИ ЧЛЕНОВИ НА ПОЛСКАТА ДИЈАСПОРА ОД ПОРАНЕШНИОТ СССР

Автори

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ16150110g

Клучни зборови:

повратна миграција, дијаспора, образовна мобилност, Полска, СССР, биографски истражувања, наративно интервју

Апстракт

Полска по традиција е земја што испраќа мигранти. Сепак, во последните години Полска прифаќа извесен број на мигранти повратници. Меѓу повратниците што доаѓаат од земјите што произлегоа од СССР доминантна група се млади луѓе што започнуваат да студираат на полските универзитети. Целта на моето истражување, кое се потпира на автобиографски наративни интервјуа, е најпрво да ги претстави институционалните услови во Полска при студирање на членови од дијаспората. Посебно внимание е посветено на доаѓањето на повратниците како дел од полската политика за враќање на мигрантите. Второ, во овој текст се претставени биографските приказни со цел да се споредат патиштата на двајца млади Полјаци во нивната татковина. Во текстот се реконструираат нивните фази на мобилност со цел да се објаснат: 1. релациите меѓу искуството со миграцијата и
трансформацијата на нивната национална идентификација и 2. влијанието на миграциското искуство врз нивната биографија (биографска релевантност). Со оглед на тоа што тие потекнуваат од мултиетнички семејства и се враќаат во навидум познато место од каде што потекнува само дел од нивните предци, во ова истражување го користам концептот на „миграција кон корените“.

Референци

Преземања

Објавено

2016-09-05

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ КАКО СРЕДСТВО ЗА ПОВРАТНА МИГРАЦИЈА: МЛАДИ ЧЛЕНОВИ НА ПОЛСКАТА ДИЈАСПОРА ОД ПОРАНЕШНИОТ СССР. (2016). ЕтноАнтропоЗум, 15(15). https://doi.org/10.37620/EAZ16150110g

Слични трудови

1-10 од 40

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.