ПРОЕКТОТ „МАКЕДОНСКО СЕЛО“: ПРИЛОГ КОН ЕДНА ИЗМИСЛЕНА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ

Автори

  • Даворин Трпески Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје image/svg+xml Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ171600116t

Клучни зборови:

Македонско село, Скопје, економија, музеј, традиција

Апстракт

Познато е тоа дека поранешните социјалистички општества тежнеат кон тоа да направат крупни промени во изгледот и да го заборават социјалистичкото минато, притоа свртувајќи се кон некое подалечно минато. Градот Скопје предничи кога станува збор за промовирање на поблиското и подалечното минато. Така, меѓу многуте споменици кои беа изградени во последнава деценија е и новоизграденото етно село односно „Македонско село“ во Скопје. Причините за градењето на шеснаесетте куќи кои претставуваат копии од веќе постоечки некогашни живеалишта од повеќе македонски предели според инвеститорот е да се промовира македонската традиција и македонското градителство; и со него да се запознаат не само македонските граѓани туку и странските посетители на Скопје. Комлексот е резултат на предаторскиот економски либерализам на кој целта не му е квалитетна култура, туку профит од културата. Токму, претворањето на културата во роба значи управувана култура, или не култура како начин на живеење, туку како начин на трошење, односно како производ за на пазар.

Референци

Преземања

Објавено

2019-10-21

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

ПРОЕКТОТ „МАКЕДОНСКО СЕЛО“: ПРИЛОГ КОН ЕДНА ИЗМИСЛЕНА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ. (2019). ЕтноАнтропоЗум, 16(16). https://doi.org/10.37620/EAZ171600116t

Слични трудови

1-10 од 65

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)