СТАРОСТ-ГРДОСТ: ЕТНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ ЗА БЕЗДЕТНИТЕ СТАРЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Автори

  • Илина Јакимовска Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје image/svg+xml Автор
  • Ана Ашталковска Гаjтаноска Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје image/svg+xml Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ171600130j

Клучни зборови:

бездетство, старци, деца, семејство, економија, имот, кампањи

Апстракт

Во текстот фокусот е ставен на животните приказни на бездетни стари лица низ Македонија. Теренските материјали вклучуваат интервјуа со бездетни брачни партнери во различни села низ Македонија спроведени во последните 15 години. Преку нивните приказни се истражуваат промените во традициските вредности и норми поврзани со старите родители или сродници. Посебно внимание е посветено на парадоксалната (и понекогаш иронична) позиција на овие луѓе кои поради генералната тенденција на напуштање на старите родители од страна на нивните деца завршуваат подеднакво осамени и ранливи како и родителите во многудетните семејства.
Иако големото семејство не е веќе гаранција за достоинствена старост, токму овие тн. „традициски вредности“ беа промовирани од Владата на Република Македонија во периодот 2006-2017, преку јавни кампањи кои ги претставуваат големите семејства како вредност која треба да се одржи и негува. Текстот ја истражува оваа ситуација меѓу реалната состојба на старите и конструираната идеализирана претстава за безбедна и среќна старост која ги комбинира економските, политичките како и емоционалните аспекти.

Референци

Преземања

Објавено

2019-10-21

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

СТАРОСТ-ГРДОСТ: ЕТНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ ЗА БЕЗДЕТНИТЕ СТАРЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. (2019). ЕтноАнтропоЗум, 16(16). https://doi.org/10.37620/EAZ171600130j

Слични трудови

1-10 од 17

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)