Меѓународното право и меѓународните односи: проблематичен или хармоничен однос

Автори

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871299v

Клучни зборови:

МЕЃУНАРОДНО ПРАВО, МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ, МЕЃУНАРОДНА ПОЛИТИКА, ЕТИКА, ПОРЕДОК

Апстракт

Трудот го анализира односот меѓу меѓународното право и меѓународните
односи, односно нивната заемна поврзаност, како прашање од суштинско значење и
за теоријата и за практиката. Почетната премиса гласи дека иако претставува-
ат одделни научни полиња, тие не можат да се истражуваат независно едно од
друго. Дури и оние кои не се согласуваат со тезата за ваквата академска синергија,
сепак, се свесни дека без меѓународно право нема ни меѓународни односи, како и дека
практиката на меѓународната политика е онаа од која израснува и врз чија основа
функционира меѓународното право. Во анализата на овој однос, посебен акцент е
ставен врз деконструкција на општоприфатената теза дека меѓународното право
е, по дефиниција, „добро“ (позитивно, во вредносна смисла на зборот). Наместо тоа,
ги осветлуваме значајните стратегиски и морални граници на меѓународното
право, со што се наметнува потребата од покритички поглед за односот меѓу моќ-
та и меѓународното право. Статијата завршува со сугерирање на нов истражувач-
ки пристап во анализата на овој однос.

Објавено

2018-12-16

Како да се цитира

Меѓународното право и меѓународните односи: проблематичен или хармоничен однос. (2018). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 71(1), 289-307. https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871299v

Најчитани трудови од истиот автор(и)