Влијание на долготрајната хоспитализација врз психофизичкиот развој и секојдневните активности кај децата

Автори

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871465rc

Клучни зборови:

ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА, ПСИХОФИЗИЧКИ РАЗВОЈ, НЕГАТИВНО ВЛИЈАНИЕ, ИГРА, ЕДУКАЦИЈА

Апстракт

Хоспитализацијата игра важна улога во грижата за детското здравје, особено кај децата кои имаат потреба од интензивна медицинска нега. Во споредба со
возрасните, како резултат на недоволната емоционална и когнитивна созреаност,
од една страна, и недостатокот на доволен број соодветни информации, од друга
страна, децата се во поголем степен засегнати од хоспитализацијата и придружните фактори. Покрај тоа што мора да се соочат со нормалните развојни законитости, децата кои се хоспитализирани треба да се соочат и со предизвиците што
ги носат одвојувањето од домот и семејството, самата хоспитализација, болеста
и болничките процедури на кои ќе бидат подложени. Интензитетот и видот на
психосоцијалните реакции кон хоспитализацијата ќе зависат од неколку значајни
варијабли, како што се: возраста на детето, полот, личноста, видот и тежината
на болеста, типот на третман, времетраењето на престојот во болница и временската организација во болницата. Вообичаено, негативното влијание се забележува
врз моторниот, когнитивниот, емоционалниот и социјалниот развој на детето.
Најчесто негативните искуства од хоспитализацијата се поврзани со недоволното внимание посветено на развојните потреби на детето и лошата организација на слободното време.

Објавено

2018-12-16

Како да се цитира

Влијание на долготрајната хоспитализација врз психофизичкиот развој и секојдневните активности кај децата. (2018). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 71(1), 457-470. https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871465rc

Најчитани трудови од истиот автор(и)