КРЕАТИВНОСТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА: ТЕОРЕТСКИ ОСНОВИ И ИСТРАЖУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИТЕ СТАВОВИ
DOI:
https://doi.org/10.37510/godzbo25781479gKeywords:
креативност, студенти, социјална работа, семејна поддршка, училиштна климаAbstract
Креативноста претставува клучен елемент во современото образование, особено во областа на социјалната работа, каде што професионалците се соочуваат со сложени и променливи општествени предизвици. Целта на ова истражување беше да се испитаат перцепциите на студентите за сопствената креативност, училиштната клима и семејната поддршка како фактори кои го поттикнуваат или ограничуваат нивниот креативен потенцијал. Истражувањето беше спроведено во мај 2025 година на примерок од 57 студенти од Институтот за социјална работа и социјална политика. Употребен беше прашалник со 20 тврдења оценувани по Ликертова скала, поделен во три димензии: самоперципирана креативност, училиштна клима и семејна поддршка.
Резултатите покажаа дека студентите имаат умерено високо ниво на креативна самоперцепција (M = 3.84), силно чувство на поддршка од семејството (M = 4.11), но перципираат послаба поддршка од страна на институцијата (M = 3.21). Корелациската анализа покажа значајна поврзаност помеѓу самоперципираната креативност и семејната поддршка (r = 0.62), како и умерена врска со училишната клима (r = 0.44). Овие наоди го потврдуваат значењето на контекстот во развојот на креативноста и упатуваат на потребата од институционални промени за нејзино поинтензивно поттикнување.
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2025 Софија Георгиевска

This work is licensed under a Creative Commons Attribution 4.0 International License.