СЕМЕЈСТВАТА ВО ГЛОБАЛНИОТ СВЕТ: КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА СЕМЕЈСТВАТА ВО ГЕРМАНИЈА И РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (АНАЛИЗА НА СТУДИИ НА СЛУЧАЈ)

Автори

  • Македонка Радуловиќ ,
  • Ирена Авировиќ Бундалевска ,

Клучни зборови:

семејство, семејна поддршка, Германија, Република Северна Македонија, социјална поддршка

Апстракт

Овој труд ги анализира семејствата во современиот глобален свет, нивната положба и семејната поддршка која ја добиваат во две различни држави. Анализата се врши преку неколку аспекти. Првиот аспект се индикаторите поврзани со семејствата како на пример: брак, развод, наталитет, актуелната стапка на смртност на новороденчиња во двете држави, фертилитет и животен век. Вториот аспект е квалитативно истражување на четири студии на случај. Ќе се истражуваат четири семејства, две од Германија и две од Македонија, со различни животни приказни. И третиот аспект е анализа на анкетен прашалник на 30 испитаници. Преку ова истражување ќе се направи споредба за тоа каков е животот на семејствата во овие две земји и каков е начинот на постапување на двете држави кон семејствата. Основната хипотеза е дека семејствата во Германија имаат подобри услови за живот отколку семејствата во Република Северна Македонија. Преку анализата на индикаторите и анализата на студиите на случај ќе може да се заклучи која земја нуди подобри услови за развој на семејствата, обезбедува подобра семејна поддршка и поефикасно справување со семејните проблеми.

Преземања

Објавено

2022-12-16

Како да се цитира

СЕМЕЈСТВАТА ВО ГЛОБАЛНИОТ СВЕТ: КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА СЕМЕЈСТВАТА ВО ГЕРМАНИЈА И РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (АНАЛИЗА НА СТУДИИ НА СЛУЧАЈ). (2022). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 75(1), 541-553. http://194.149.137.236/index.php/godzbo/article/view/2242

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>