ПАРИЧНИ ПРИМАЊА ОД СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА – ОСВРТ НА ПРАВОТО НА ДЕТСКИ ДОДАТОК

Автори

  • Македонка Радуловиќ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје https://orcid.org/0000-0002-3753-1521 (неидентификуван)
  • Билјана Тодорова Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

Апстракт

Парични примања од социјална заштита на деца се утврдени во Зако-
нот за заштита на децата, и тоа: детски додаток, посебен додаток, еднок-
ратна парична помош за новороденче и родителски додаток за дете. Во тру-
дот се прави осврт само на најзастапената социјална финансиска помош на
семејството со деца, правото на детски додаток.
Најчесто, детскиот додаток им се доделува на сите семејства чиј вку-
пен семеен приход е под одреден финансиски праг и е изготвен да помогне во
покривањето на трошоците кои се однесуваат на издржување на дете до од-
редена возраст. Понекогаш ова право е условено од вработување на родите-
лите, школување на децата, вакцини и здравствени прегледи.
Правото на Европската Унија пропишува дека детските бенефи-
ции/исплатата на детскиот додаток ги презема земјата на живеење во која
живее или работи граѓанинот на ЕУ, независно од неговата националност.
Оттаму, во трудот, со примена на компаративниот метод, се прави прег-
лед на остварување на правото на детски додаток во некои од земјите на ЕУ.
Со помош на правниот и социолошкиот метод е дадена и анализа на
правото на детски додаток во Република Северна Македонија.
Понатаму во трудот се применува комбинација од квантитативни
и квалитативни методи на истражување, анализирајќи секундарни пода-
тоци. Главен инструмент при анализата во трудот е критичкиот осврт на
важечкото законодавство кое се однесува на правото на детски додаток и сис-
темот на социјална заштита на децата.
Клучни зборови: СОЦИЈАЛНИ ПАРИЧНИ ДАВАЊ

Објавено

2019-12-16

Како да се цитира

ПАРИЧНИ ПРИМАЊА ОД СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ДЕЦА – ОСВРТ НА ПРАВОТО НА ДЕТСКИ ДОДАТОК. (2019). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 72(1), 589-610. http://194.149.137.236/index.php/godzbo/article/view/2883

Најчитани трудови од истиот автор(и)