МЕНАЏИРАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Автори

  • Софија Георгиевска , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

Клучни зборови:

човечки ресурси, менаџирање/менаџирање, стратешко планирање, регрутација, работни односи, обуки, развој, кариера

Апстракт

Функцијата на менаџирањето со човечките ресурси е да им обезбеди на вработените развивање на нивните способности преку систем на менаџментски постапки, да обезбеди развивање на нивните способности преку селекција и регрутација до промоција и напредни бенефити, компензација, градење кариера и сл. Функцијата, во таа смисла, е да се промовира ефикасен менаџмент-систем преку кој ќе се постигнат долгорочните цели и планови на организацијата. Исто како и кај компаниите од реалниот сектор, така и кај менаџментот со човечки ресурси главната цел е да создаде можност за развој на човечките ресурси како клучен фактор за напредок на организацијата.

Целите на менаџментот со човечки ресурси вклучуваат ефикасно спроведување утврдена политика и координација на човечки ресурси како на национално така и на локално ниво на практикување на власта. Како главни сегменти од ланецот на менаџирање со човечки ресурси се: селекцијата, работните односи и мотивацијата како стожерни фактори, потоа дијагностицирање на потребите на организацијата, консументите, но и на потребите и предизвиците на вработените.

Преземања

Објавено

2021-12-16

Како да се цитира

МЕНАЏИРАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ. (2021). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 74(1), 529-539. http://194.149.137.236/index.php/godzbo/article/view/2354

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>