Аристотеловиот концепт φρονησις и етичкото образование и воспитание
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871067pКлучни зборови:
ΦΡΟΝΗΣΙΣ, АРИСТОТЕЛ, ЕТИКА НА ДОБЛЕСТА, ЕТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ,, ВОСПИТАНИЕАпстракт
Во систематизацијата на интелектуалните доблести, Аристотел меѓу
знаењето (ἐπιστήμη), мудроста (σοφία), мислењето (νοῦς) и вештината (τέχνη) ја
вбројува и практичната мудрост (φρόνησις) која ја дефинира како „да [се] просуди
за работите кои се добри и полезни за него [разумниот човек, φρόνιμος Ј. П.], но не
делумно..., туку за работи кои воопшто се однесуваат на доброто живеење“ (NE
1140a23-27). Аристотел ја разликува φρόνησις од научното знаење и од вештината
затоа што под неа ја подразбира способноста не само да се одлучи како да се дос-
тигне одредена цел, туку исто така и способноста да се просудуваат и да се одре-
дуваат добрите цели соодветно на тежнеењето на одредена личност кон достигну-
вањето на среќата/блаженството/благосостојбата (εὐδαιμονία). Ова ја повлекува
импликацијата дека образованието и воспитанието не треба да се сфати само ка-
ко процес на стекнување знаења и вештини, туку како процес на станување доблес-
на личност преку мислење ставено во контекст.
Без да се обидуваме да дадеме конзистентно изведување на импликациите
од воведување на принципите на етиката на доблеста во воспитанието, во овој
текст ќе ја разгледаме можноста за поставување поинаква перспектива во однос на
воспитните практики изведени од една античка етичка теорија, особено од специ-
фичниот поим што го воведува оваа теорија – поимот φρόνησις.