Концептот за Бог кај Алкиној

Автори

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871091t

Клучни зборови:

АЛКИНОЈ, БОГ, ИНТЕЛЕКТ, APHAIRESIS, ПОЗНАНИЕ

Апстракт

Статијата истражува неколку од ставовите на Алкиној од неговото дело
„Прирачник на платонизмот“, покажувајќи примери на влијанија од Платон, и од
општата филозофска атмосфера на средниот платонизам. Поставени се прашања
за концептот на Алкиној за Првиот бог и можноста за антиципација на Плотиновото Едно. Вниманието е насочено кон концептот на Алкиној за неискажлив бог, кој
се спознава само преку интелектот, како и кон неговото фокусирање на божјите
атрибути, односно начините на кои некои аспекти на бог се спознатливи преку апстракцијата на атрибути. Начините на познание на бог предложени од Алкиној се
негацијата или апстракцијата, аналогијата, и пре-еминенцијата, и во статијата
се разгледува проблемот дали тоа го прави неговиот пристап апофатички, особено
преку неговата употреба на aphairesis (апстракција/негација)

Објавено

2018-12-16

Како да се цитира

Концептот за Бог кај Алкиној. (2018). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 71(1), 77-102. https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871091t

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>