Женското писмо на Овидиј што недостасува во трагедијата на Еврипид

Автори

  • Весна Томовска Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871181t

Клучни зборови:

ЖЕНСКО ПИСМО, ЛИРСКО ПИСМО, „ХЕРОИДЕС“, ОВИДИЈ, „ХИПОЛИТ“, ЕВРИПИД

Апстракт

Во овој труд предмет на обработка е една епистола (4.) од збирката „Херои-
дес“ на Овидиј и една трагедија од Еврипид – „Хиполит“. Поврзувањето на овие обли-
ци се препорачува од митолошката традиција на содржините, но она што инспири-
ра продлабочена и разграната херменевтичка постапка е можноста за нивно струк-
турно поврзување и преплетување во единствен книжевен облик. Имено, независно
од intentio auctoris ова женско писмо на Овидиј открива интертекстуална потенци-
јалност да стане дел од женската драма на Еврипид во некаква нејзина преддрамска
состојба. Дополнително, оваа метасоработка на два книжевни облика од различна
културна провениенција има капацитет да генерира интергенерички сличности и
зависности условени токму од епистолата како еден хибриден или како еден обеди-
нувачки жанр.

Објавено

2018-12-16

Како да се цитира

Женското писмо на Овидиј што недостасува во трагедијата на Еврипид. (2018). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 71(1), 171-188. https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871181t