За прилошките определби за време во микенскиот грчки
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871203djКлучни зборови:
ПРИЛОШКИ ОПРЕДЕЛБИ ЗА ВРЕМЕ, МИКЕНСКИ, СЕМАНТИЧКА УЛОГААпстракт
Прилошките определби за време во грчкиот јазик покажуваат разновид-
ност во поглед на формата, затоа што во овој јазик, како и во други индоевропски ја-
зици семантичката улога „време“ се искажува со повеќе падежи. Употребата на
различните падежи е поврзана со начинот на кој се концептуализира „времето“. Иа-
ко микенските документи не изобилуваат со изрази за време, сепак, забележани се
зборовите „ден, месец, година“ и воочено е дека, слично како и во помикенскиот пе-
риод, прилошките определби за време можат да бидат во генитив, датив-локатив,
акузатив. Освен тоа, на некои плочки, при датирањето според месец се употребува-
ат синтагми составени од форми кои тешко може да се објаснат како форми во ист
падеж.
Целта на овој труд е да се разгледа одново значењето на прилошките опре-
делби за време (именки, именски синтагми или прилози), кои се среќаваат на плочки-
те испишани со линеарно Бе писмо, од аспект на концептуализацијата на времето.
Покрај ова, сведоштвото од микенскиот период се споредува со соодветни паралели
од помикенскиот период за да се продлабочи нашето разбирање на дијахронијата на
прилошките определби за време во грчкиот јазик.