Категоризација на односот помеѓу тероризмот и медиумите
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871343mКлучни зборови:
МЕДИУМИ, ТЕРОРИЗАМ, ИЗВЕСТУВАЊЕ, КОМУНИКАЦИЈААпстракт
Овој труд ја објаснува деликатната врска меѓу медиумите и тероризмот
со цел да се постигне подобро разбирање на односот помеѓу овие два ентитета. Во
овој труд ќе се проучи како публицитетот им користи на терористите и како ме-
диумите имаат корист од актите на терористите. Исто така, трудот ќе се оби-
де да одговори на следниве прашања: како можеме да го преиспитаме сензационалис-
тичкото покривање на тероризмот за да се оневозможи пристапот на терористи-
те до слободна медиумска платформа?; какви односи постојат меѓу терористички-
те групи и медиумите?; до колкав степен медиумот може да се смета за одговорен
за обезбедување на терористите „кислород од публицитет“?; дали е можно медиу-
мите објективно да известуваат за терористите без да ги промовираат нивните
акции и без да поттикнат страв? Целта на овој труд ќе биде фокусирање на одно-
сот помеѓу медиумското покривање и терористичките напади, покренувајќи го пра-
шањето дали зголемената медиумска покриеност има ефект врз зголемени теро-
ристички напади.