Високото образование за студенти со инвалидност: преглед на литература

Автори

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871427dr

Клучни зборови:

ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ, СТУДЕНТИ СО ИНВАЛИДНОСТ, СТУДЕНТИ БЕЗ ИНВАЛИДНОСТ, СТАВОВИ, АКАДЕМСКИ ПОСТИГНУВАЊА

Апстракт

На универзитетско ниво, процентот на студенти со високо образование сè
повеќе се зголемува. Во Македонија не постојат статистички податоци за бројот
на запишани студенти со инвалидност на академските институции. Несоодветна-
та пристапност до високообразовните институции, недостатокот на поддршка,
негативните социјални ставови и социјалната изолација, како и немањето финан-
сии влијае на успехот на студентите со инвалидност и на нивната инклузија во ви-
сокото образование. Целта на овој труд е да се даде детален преглед на некои од
овие предизвици во високото образование на студентите со инвалидност. Направе-
на е детална анализа на 11 публикации. Од овие публикации можеме да заклучиме де-
ка членовите на факултетската управа, генерално, имаат позитивни ставови кон
студентите со инвалидност, но некои истражувања укажуваат и на не толку по-
волни ставови кон студентите со т.н. невидлива инвалидност, како што се тешко-
тии во учењето. Исто така, постојат контрадикторни резултати во дел од публи-
кациите за академското постигање на студентите со и без инвалидност.

Објавено

2018-12-16

Како да се цитира

Високото образование за студенти со инвалидност: преглед на литература. (2018). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 71(1), 417-436. https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871427dr

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>