Фонтови за подобрување на способноста за читање кај лицата со дислексија

Автори

  • Александра Каровска Ристовска Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје https://orcid.org/0000-0002-8570-8969 (неидентификуван)
  • Маја Филиповска Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871447kr

Клучни зборови:

ФОНТ, ДИСЛЕКСИЈА, ЧИТАЊЕ, МАГНОЦЕЛУЛАРНА ТЕОРИЈА

Апстракт

Трудот ја обработува темата за карактеристиките на постоечките фон-
тови наменети за лицата со дислексија. Прво се осврнува на појаснување на самиот
акт на читање, како засегната способност кај лицата со дислексија, а потоа нуди
опис на дислексијата како најчеста тешкотија во учењето и ги посочува клучните
теории за нејзиното постоење, како и основните дефицити кои се јавуваат кај овие
лица и го отежнуваат процесот на читање. По појаснувањето на основната терми-
нологија, следува компаративна анализа на истражувања поврзани со фонтовите
за дислексија, како основа за навлегување во суштинските карактеристики на овие
фонтови. Карактеристиките на фонтовите за дислексија се обработени во трети-
от дел од трудот. Во овој дел се појаснети основните параметри кои ги поседуваат
фонтовите генерално, а потоа е наведено како параметрите варираат кај фонто-
вите за дислексичните читачи, со цел да се приспособат на нивните потреби. Пок-
рај тоа што е направена компарација на најпознатите латински фонтови, понуден
е опис и на фонт изработен за истата намена, но со кирилско писмо.

Објавено

2018-12-16

Како да се цитира

Фонтови за подобрување на способноста за читање кај лицата со дислексија. (2018). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 71(1), 437-455. https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871447kr

Најчитани трудови од истиот автор(и)