Улогата на комуникацијата во етнополитичките конфликти

Автори

  • Горан Зенделовски Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Александар Павлески Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1770305z

Клучни зборови:

КОМУНИКАЦИЈА, ИДЕНТИТЕТ, ЕТНИЧКИ ГРУПИ, ЕТНОПОЛИТИЧКИ КОНФЛИКТ

Апстракт

Трудот ja анализира улогата на комуникацијата во контекст на етнополитичките конфликти. Во таа насока, трудот анализира дали и какео влијание има процесот на комуникација во разбирањето и во разрешувањето на етнополитичките конфликти. Вообичаено, традиционалниот пристап на разрешување конфликти е насочен кон постигнување прифатливи политички договори како инструменти за решавање на конфликтот. Сепак, новите начини на комуникација, посебно на микрониво, го насочија вниманието кон одредени нови прашања и влијанија на оеој план. Повеќето од овие ноеи влијанија ce насочени кон иницирање промена во односите и релациите помеѓу спротивставените страни, наспроти кон постигнување договори. Начелно, станува збор за пристап во решавањето на конфликтот кој ja наметнува потребата од долгорочни комуникации и контакти заради воспоставување постабилни и кооперативни односи. Врз основа на
тоа, анализата во трудот е фокусирана на карактеристиките на етнополитичките конфликти (еклучувајќи ги ниените теориски аспекти, причините, последиците и напорите за нивно решавање), како и на значењето на комуникацијата во разбирањето и решавањето на овие конфликти. Во оваа насока, предмет на анализа во трудот претстаеуваат микро и макронивоата на комуникација и нивната улога во однос на ова прашање.

Објавено

2017-12-16

Како да се цитира

Улогата на комуникацијата во етнополитичките конфликти. (2017). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 70(1), 305-322. https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1770305z

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>