СОВРЕМЕНИ ПРИСТАПИ ВО СЛЕДЕЉЕТО HA РАЗВОЈОТ НА УЧЕНИЦИТЕ BO ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ

Автори

  • Елизабета Томевска-Илиевска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

ОПИСНО ОЦЕНУВАЊЕ, ДИЈАГНОСТИЧКО ОЦЕНУВАЊЕ, ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ, СУМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ, СЛЕДЕЊЕ, ПРОВЕРУВАЊЕ

Апстракт

Трудош ќе ce осврне на иекои од мно?уте прашања поврзани со современите пристапи во следењето на развојот на учениците во основното училишппе, поконкретно ќе ce третираат некои аспекти и начини на следењето, проверувањето и оценувањето на постигањата на учениците во основното училиште.
Една од прнчините за актуелизирање на овој проблем е оправданоста за промените на овој образовен сегмент кој кореспондира со мисијата на основното образование, која меѓу другото постои за да овозможува:
образование кое ги почитува и развива индивидуалните потреби, интереси и афинитети на личноста;
образование кое ќе овозможи развој на независна, отворена, критичка и демократска личиост со вештинн и
компетенции за акција. (Национална програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015, 2006: 101).
Развивањешо и воведувањето на нова концепција за описно оценување во првите одделенија на основното училиш т е е само еден аспект од севкупнише промени коишто ce одвиваат во основното образование во Р. Македонија. Како што промените во оценувањето нужно ќе ce одвиваат сдновремено со останатите промени и како нивен интегрален дел, така и концепцијата за описното оценување ќе ce развива и ќе функционира како интегрален дел на системот на оценување (вреднување) во образованието во земјата.

Референци

Преземања

Објавено

2007-12-16

Како да се цитира

СОВРЕМЕНИ ПРИСТАПИ ВО СЛЕДЕЉЕТО HA РАЗВОЈОТ НА УЧЕНИЦИТЕ BO ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ. (2007). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 60(1), 53-69. https://doi.org/10.37510/

Слични трудови

1-10 од 35

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.