ДЕМОНСКАТА ХИБРИДНОСТ И ЛИМИНАЛНОСТ: ПАЗУЗУ И ЛАМАШТУ

Автори

  • Марија Тодоровска ,

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo2376075t

Клучни зборови:

демон, хибридност, лиминалност, Пазузу, Ламашту

Апстракт

Во текстот се нуди преглед на едни од најзначајните категории на демонското од месопотамските верувања - на хибридноста и лиминалноста - преку примери за концепциите на демоните Пазузу и Ламашту. Најпрвин се разгледани логичко-дијалектичките релации на сферата на демонското како екстерно и туѓо, наспроти домашното, познато, човечко; и на демонското како застрашувачко и потенцијално заканувачко, наспроти уредената „цизилизирана“ нормирана сфера. Потоа се наведени неколку претстави на концепциите на Пазузу како амбивалентен демон – тој е зло кое се бори против зло, неговиот врвен непријател, Ламашту, и токму за да биде ефикасен во таквата заштитна функција, тој е ужаснувачки, застрашувачки, опасен демон. Ова е разгледано низ описи на соодветни инкантации и зачувани ритуали. Ужаснувачките закани на Ламашту против најскапоцениот дел на заедниците – новите генерации, преку нејзиното грабнување и уништување на новороденчињата, е прикажана низ претставите на нејзината хибридност и чудовишност, и главно низ инкантациите за нејзино одбивање и отстранување.

Преземања

Објавено

2023-12-16

Како да се цитира

ДЕМОНСКАТА ХИБРИДНОСТ И ЛИМИНАЛНОСТ: ПАЗУЗУ И ЛАМАШТУ. (2023). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 76(1), 75-89. https://doi.org/10.37510/godzbo2376075t

Најчитани трудови од истиот автор(и)

<< < 1 2