БЕЛЕШКИ ЗА СВЕДОШТВАТА ЗА ВЛИЈАНИЕТО НАЗАМЕНСКАТА ВРЗ ИМЕНСКАТА ФЛЕКСИЈА ВО МИКЕНСКИТЕ АРХИВИ

Автори

  • Елена Џукеска ,

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo2376259dz

Клучни зборови:

заменска флексија, именска флексија, микенски, грчки

Апстракт

Флексијата на заменките покажува варијации во различните индоевропски јазици и во онаа мера во којашто може да се реконструира, во протоиндоевропскиот таа се разликувала во повеќе аспекти од флексијата на именките и придавките. Со текот на времето заменската и именската флексија минале низ процес на заемно усогласување. Анализата и споредбата на тематската и атематската флексија покажале дека заменките што разликуваат род одиграле важна улога во развојот на имињата со тематска o-основаиeH2-основа. Сведоштвото на грчкиот јазик за релацијата на заменките со другите имиња е значајно и сложено во исто време, заради индивидуалниот развој на грчките дијалекти и заради архаичните особености на најстарите грчки записи пронајдени во микенските архиви. Целта на овој труд е да го преиспита сведоштвото за влијанието на заменската врз именската флексија во микенските грчки документи низ призмата на поновите истражувања и да ја разгледа неговата релевантност за најстарата историја на заменките и именките во грчкиот јазик, како и за реконструкцијата на протоиндоевропскиот.

Преземања

Објавено

2023-12-16

Како да се цитира

БЕЛЕШКИ ЗА СВЕДОШТВАТА ЗА ВЛИЈАНИЕТО НАЗАМЕНСКАТА ВРЗ ИМЕНСКАТА ФЛЕКСИЈА ВО МИКЕНСКИТЕ АРХИВИ. (2023). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 76(1), 259-268. https://doi.org/10.37510/godzbo2376259dz

Најчитани трудови од истиот автор(и)