БЕЗБЕДНОСНО - РАЗУЗНАВАЧКА ЗАЕДНИЦА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Автори

  • Горан Зенделовски , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Александар Павлески ,

Клучни зборови:

БЕЗБЕДНОСТ, РЕФОРМИ, РАЗУЗНАВАЧКА ЗАЕДНИЦА, НАДЛЕЖНОСТИ

Апстракт

Светот во 21 век се докажа како опасно и ризично место за живеење полно со непрeдвидливи закани и ризици кои варираат по форма и интензитет на манифестирање. Поради непредвидливата траекторија по која се движат опасностите се јавува потребата од добивање навремени, точни и проверени разузнавачки податоци за состојбите во одредени региони и држави. На тој начин се развија современите разузнавачки служби чија примарна улога е заштита на државата и нејзините витални интереси од различни видови на безбедносни закани и ризици. Оттука ќе го анализираме процесот на реформи на безбедносно–разузнавачкиот сектор како важен сегмент за интеграција на РС Македонија во евроатлантските структури. Воедно ќе ги согледаме местото и улогата што безбедносните и разузнавачките служби ги имаат како клучни субјекти во системот за национална безбедност на Република Северна Македонија за преземање превентивни и репресивни мерки во борбата против современите закани, како и нивните законски надлежности во областа на безбедноста и разузнавањето.

Преземања

Објавено

2021-12-16

Како да се цитира

БЕЗБЕДНОСНО - РАЗУЗНАВАЧКА ЗАЕДНИЦА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. (2021). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 74(1), 399-409. http://194.149.137.236/index.php/godzbo/article/view/2339

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>