ПОЛИТИКА НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА ШВАЈЦАРИЈА

Автори

  • Оливер Бакрески Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo1972245b

Клучни зборови:

ШВАЈЦАРИЈА, БЕЗБЕДНОСТ, БЕЗБЕДНОСНА ПОЛИТИКА, НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ, БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ

Апстракт

Политиката на национална безбедност на Швајцарија се заснова на
спецификите на швајцарската држава и се одлиува со голема сложеност и
комплексност. Оттука, проучувањето на безбедносната политика треба да
се заснова на нејзино целосно разбирање и темелно согледување на состојбите
за да нема импровизација и парцијализам. Ова значи дека безбедносната по-
литика треба да биде рационално фундирана и да ги синтетизира напорите
на сите безбедносни актери за да го обезбеди потребното ниво на безбедност,
за општеството, за нацијата, за граѓаните. Генерално, променетата природа
на безбедносните ризици и закани ја услови потребатадефинирање на безбед-
носната политика на Швајцарија, но наметна и усвојување нови пристапи за
безбедноста. Прифаќајќи ја ваквата реалност, Швајцарија мора да се приспо-
соби на новите околности заради заштита на националните интереси и по-
литиката на неутралност. Адаптирањето на безбедносниот систем во но-
вата безбедносна средина треба да биде израз и резултат на евидентна гене-
рална сеопфатна инклузија на сите субјекти што се оспособени за спроведу-
вање на безбедносната политика.

Објавено

2019-12-16

Како да се цитира

ПОЛИТИКА НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА ШВАЈЦАРИЈА. (2019). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 72(1), 231-256. https://doi.org/10.37510/godzbo1972245b

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>