ЕВРОПСКИТЕ ТРЕНДОВИ ВО СИСТЕМИТЕ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ: КОН МАРКЕТИЗАЦИЈА, ИНВОЛВИРАНОСТ НА КОРИСНИЦИ И ПРОФЕСИОНАЛИЗАЦИЈА

Автори

  • Сузана Борнарова Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo1972425b

Клучни зборови:

СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ, ПЛУРАЛИЗАМ, МАРКЕТИЗАЦИЈА, ИНВОЛВИРАНОСТ НА КОРИСНИЦИ, ПРОФЕСИОНАЛИЗАЦИЈА, ЛИЦЕНЦИРАЊЕ

Апстракт

Системите на социјални услуги во развиените европски држави се во
интензивен развој условен од зголемената побарувачка за овој тип услуги кои
повеќе не се дизајнираат само како услуги за социјално ранливите и маргина-
лизираните категории корисници. Трудот ќе даде осврт на клучните трен-
дови во овој сектор во овие држави. Во основата на тој развој се трендовите на
мешана економија во заштитата, односно плурализмот, како и маркетиза-
цијата на услугите со воведување на партиципацијата од страна на корисни-
ците за покривање на трошоците. Како резултат, се делегираат соодветни
одговорности и задачи на останатите сектори покрај јавниот сектор кој
често се јавува во улога на купувач на услугите, како и пораст во профитни-
те даватели на услуги. Посебен акцент се става на правата на корисниците
да бидат инволвирани во изборот на услугите што им се потребни, како и на
поддршката што ја добиваат семејствата-негуватели преку системот на
социјални услуги. На крајот, развојот на социјалните услуги е неминовно
проследен и со нивна професионализација, како од аспект на лиценцирање на
давателите на услуги (институции и професионалци), така и од аспект на
зголемување на критериумите во однос на квалификациите на работната
сила ангажирана во секторот на услугите за нега и грижа.

Објавено

2019-12-16

Како да се цитира

ЕВРОПСКИТЕ ТРЕНДОВИ ВО СИСТЕМИТЕ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ: КОН МАРКЕТИЗАЦИЈА, ИНВОЛВИРАНОСТ НА КОРИСНИЦИ И ПРОФЕСИОНАЛИЗАЦИЈА. (2019). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 72(1), 413-434. https://doi.org/10.37510/godzbo1972425b