12 тези за разбирање на светиклиментовата етика

Автори

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871045d

Клучни зборови:

ЕТИКА, ЗЛО, БОГ, ЕДУКАЦИЈА

Апстракт

Културата и нејзиниот опсег зависат и од етиката на луѓето кои ја креи-
раат. Заклучокот е базиран на искуството во креирањето на култура на подрачје-
то кое во еден дел на Европа му го даде описменувањето и новите начини на разби-
рање на светот. Како таква беше етиката на св. Климент Охридски...
Давајќи ни го словото, Бог нè обврзува да правиме добро, а не зло. Разбирајќи
го ова, на св. Климент не му беше тешко да отиде чекор понатаму во голото прифа-
ќање на етичките постулати, извикувајќи: „Не е доволно само да се бега од злото,
туку истовремено и да се прави добро!“ Ова доведе до начин на однесување кој е:
- етика која нуди знаење;
- знаење за Бога во себе, за себе;
- етика на креирање личен идентитет и признавање и почитување на дру-
гите идентитети.
Недостатокот од вакво интердисциплинарно размислување за овој вид уло-
га на етиката на овие подрачја, како и за нејзините последици, се отворена мож-
ност за глобален пад на културите.

Објавено

2018-12-16

Како да се цитира

12 тези за разбирање на светиклиментовата етика. (2018). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 71(1), 35-53. https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871045d